Златарското езеро кај Нова Варош утрово се разбуди целосно замрзнато, откако температурите во текот на ноќта достигнаа екстремни -20 степени. Ледениот бран што ја погоди западна Србија донесе силен мраз и снежна покривка со висина од 20 сантиметри.
– Иако термометрите во утринските часови покажуваа -15 степени, но во текот на ноќта се искачи над минус 20. Мештаните велат дека со години не забележале вака ниски температури во февруари. Дебел слој мраз ја покри површината на целото езеро, создавајќи нереална глетка – изјави Алем Р за агенцијата РИНА.
Патиштата се покриени со мраз, а сообраќајот се одвива отежнато, па на возачите им се препорачува поголема внимателност. Тешките зимски услови траат и понатаму, а Златарското езеро останува заковано во мраз.


