Лукот се користи како најдобар природен антибиотик, но и како амајлија.
Сепак и водата со лук има свое лековито и моќно дејство, кое го зајакнува имунитетот и го чисти организмот од токсини. 7 дена, еднаш месечно, секое утро пијте лук и вода.
Кога е вистинското време да се пие оваа вода?
Пред патување за посилен имунитет
Кога телото треба да се исчисти од токсините
На првиот знак на настинка
Состојки: 8 чешниња лук и 1 литар вода.
Подготовка: Исчистете го лукот и исечете го секое чешне на половина. Исплакнете го под млаз вода, а потоа ставете го во тегла. Истурете литар вода и затворете ја теглата. Оставете го во фрижидер еден час пред употреба.
Употреба: Измешајте 1/4 чаша вода со лук со 1 чаша обична вода.


