По повеќе од две и пол години од сообраќајната несреќа во Германија, во која почина пејачот Шабан Шаулиќ, конечно дојде ред и за судска разврска за случајот. Германскиот суд одреди датум за првото рочиште, кое ќе биде затворено за јавноста, а ќе му се суди на возачот што ја предизвикал незгодата.
Првото рочиште е закажано за 20 јануари 2022 година, само еден месец пред тригодишнината од страшната несреќа во која Шаулиќ го загуби животот заедно со неговиот клавијатурист Мирсад Кериќ, додека неговиот кум Слободан Стојадиновиќ беше тешко повреден. Според дополнителните наводи, судењето ќе се одржи во Гитерслоу, каде што се случи несреќата, а за прв пат, пред судот ќе се појави Алсин Левент, кој ја признал вината за сообраќајката.
Процесот ќе биде затворен за јавноста и ќе се одвива под посебни безбедносни мерки и во судницата и надвор од судската зграда.
]]>


