За една ноќ станаа возрасни: Детската игра стана минато, сега е потребна нивната помош

По катастрофалните поплави што ја погодија Босна и Херцеговина, се уште се трага по исчезнатите, особено во Јабланица каде беше најлошо и загинаа најмалку 15 лица, додека десетици се водат за исчезнати.

Во несреќата помага колку што може, бројни спасувачки екипи се на терен, припадници на вооружените сили на БиХ, а на помош дојдоа и најмладите, за кои детската игра, барем засега, е завршена.

Босанскиот портал „Аваз.ба“ објави видео од две деца како ја чистат калта во нивниот двор, после поплавите што го погодија овој дел од Босна и со себе однесоа и човечки жртви.

Како што можете да видите на видеото, момче и девојка ја чистат калта и тињата што ја донела поплавата во нивниот двор.

Тие работат неуморно за да им помогнат на возрасните. Овие малечки се пример за силата на заедницата, но и за невината храброст која ретко се гледа.

Црвениот крст на Босна отвори и хуманитарен број за донации, но кој сака да донира може да уплати и на наменската сметка 1340011130004680 – АСА Банка д.д. Сараево.

Најчитани вести