Потребно е:
1 кг филе ослич
2 лажици пченкарно брашно
2 лажици бело брашно
1 лажица лута мелена пиперка
сол
вегета
масло
Подготовка:
Одмрзнатата риба исечете ја на парчиња и зачинете со сол. Направете смеса од брашно, лут црвен пипер и вегета, па во смесата извалкајте ги парчињата риба од двете страни. Оставете ги во фрижидер барем еден час. На масло пропржете ја рибата додека не добие бакарна боја.


