Во сообраќајната незгода која вечерва се случи на бул. Партизански одреди кај „Сити Мол“ во Скопје, во населба Карпош, девојката која загина на местото на настанот имала 24 години, а повредено е уште едно лице, кое е хоспитализирано.
На 20.01.2022 год. во 19.44 час. пријавено е дека на ул.Московска со бул.Партизански Одреди се случила сообраќајна незгода во која ПМВ Цитроен управувано од Ј. Ѓ. (1999) од Скопје удрило во Л.Д. (1997) од Радовиш кој е повреден и пренесен во ГОБ 8-ми Септември и В.Н.1997 од Радовиш. која починала на лице место – велат од МВР.
Се врши увид на местото на несреќата
Фото: 360 Степени
]]>


