Затекнати крадци, украденото вратено на сопственикот, следува кривична пријава

Во трговски центар на подрачјето на Гази Баба, од страна на полициски службеници од ОКР Гази Баба, биле затекнати двајца малолетници од с.Арачиново, непосредно откако извршиле две тешки кражби во продажен објект, соопшти МВР. Инцидентот се случил влера во 17.30 часот, пронајдените украдени предмети им се одземени и вратени на оштетените.

Двајцата сторители се доведени во Полициската станица Гази Баба и во присуство на родители извршен бил разговор од страна на инспектори по малолетничка деликвенција. По комплетирање на документите ќе биде поднесена соодветна пријава.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести