Ѕирнете во една од најголемите тајни на Југославија -титовиот бункер во кој со 350 одбрани луѓе можеле да преживеат и нуклеарна катастрофа

Воениот објект именуван Д-О „АРК“ во најголема тајност бил граден 26 години, помеѓу 1953 и 1979 година за време на Студената војна и е опремен со најнова технологија од тоа време. До 1992 година не се ни знаеше дека постои, а во денешна вредност чини најмалку 15 милијарди долари.

 Бункерот се простира на површина од 6.854 квадратни метри и е замислен како мал град во кој може да се преживее најмалку 6 месеци по т.н. „крај на светот“, или во случај на нуклеарен напад. Се состои од три дела. Првиот дел е за техничка поддршка и контрола, во кој има и соба за надзор. 

 Потоа има метална врата со дебелина од 1,20 метри и тунел што води кон центарот на атомското засолниште, што може да издржи удар од 20 килолотни. Третиот дел се состои од противпожарен систем, климатизација, простор за комуникација, објекти за складирање на вода, храна и слично, како и посебен простор за живеење на Тито и Јованка. 

 Температурата во бункерот е помеѓу 21 и 23 Целзиусови степени, а влажноста од 60 до 70 проценти, што го прави просторот идеално место за живеење. Целиот простор е осветлен од 6000 неонски светилки.

Денес, овој бункер е престорен во музеј, а го посетуваат луѓе од целиот свет. Тој истовремено е и потсетник на времето во кое заканите за нуклеарна војна биле секојдневна појава.

@ninineavanture Vodim vas u najstrožu tajnu koju je imala bivša Jugoslavija. Bosna je preko 26 godina pod zemljom skrivala objekat ARK D0, super poverljivi projekat tajne službe bivše SFRJ. #srbija #fyp #srbijatiktok #ninakaze #beograd #zanimljivosti #balkantiktok #bosna #bosna🇧🇦 #jugoslavija @NinaTralala ♬ original sound – NinaTralala

Најчитани вести