Знаете ли како да ја тргнете налепницата од вашиот автомобил: Ви откриваме многу едноставен начин

Старите налепници на шофершајбната на автомобилите многу често знаат да пречат при возењето и тешко се отстрануваат. Тие имаат исклучително силен лепак кој остава и мрсни и тврди траги на стаклото што тешко се отстрануваат.

Постојат неколку едноставни начини што можат да ви помогнат да ги отстраните. Користете течно средство за чистење прозорци., испрскајте ја налепницата, почекајте малку и потоа внимателно, како со гребење со помош на жилет отстранете ја. Истото можете да го направите и со алкохол за чистење. При користењето на жилетот треба да бидете многу внимателни да не се повредите, носете заштитни ракавици задолжително и внимавајте да не го оштетите стаклото.

Исто така, налепницата во зима можете да ја загреете со фен и да ја отстраните многу лесно, а тука е и познатиот „експерт“ за се, спрејот „ВД-40“. Како и со средството за чистење прозорци или алкохолот, испрскајте ја налепницата и почекајте малку. Потоа повторно со жилет. На крајот, избришете го местото со детергент за стакло и крпа за да не остане мрсно, пишува „Autopress.hr“.

]]>

Најчитани вести