Анкета: Германците поделени по прашањето дали треба да му се даде азил на Сноуден во Германија

Германците се поделени по прашањето дали на Едвард Сноуден кој до летоска има азил во Русија, треба да му се даде политички азил во Германија, се вели во резултати од анкета на Зе-Де-Еф.

Според анкетата, 46 отсто анкетирани одговориле со „не“ додека исто толква број биле „за“.

Традиционалните поддржувачи на демохристијаните се најмалку „за“ азил во Германија на поранешниот американски агент на НСА и само 32 отсто ја поддржуваат таа опција.

Кај симпатизерите на левицата, тој процент е двојно поголем – 68 отсто се „за“ азил, додека меѓу социјалдемократите, зелените и евроскептиците цифрата е околу 50 отсто.

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести