СКАНДАЛОЗНО: (ФОТО) Патриотот Груевски отвори училиште во Скопје без табла на македонски јазик

Премиерот Никола Груевски денеска присуствуваше на отворањето на новиот објект на училиштето „Битолски конгрес“ во општина Чаир и без око да му трепне го прогласи објектот за отворен иако на него никаде нема табла на македонски јазик. На прашањето на новинарите зошто нема табла со името на училиштето на македонски јазик, Груевски рече дека за тоа треба да се праша министерот за образование Спиро Ристовски.

Новиот објект на основното училиште „Битолски конгрес“ (Конгреси и Манастирит), почна да се гради во 2009 година и ги замени старите и дотраени бараки на училиштето кои постоеја од 1964 година. Двокатниот објект е изграден на површина од скоро 6.000 метри квадратни, има 23 училници, 18 кабинети и 10 канцеларии и е инвестиција на Владата на Република Македонија од околу 1.800.000 евра. Училиштето во една смена може да прими 900 ученици. Почна да работи во оваа учебна година, а денеска беше официјално отворено во пресрет на утрешниот ден на албанската азбука, бидејќи и го носи името „Битолски конгрес“ каде што таа е унифицирана пред 105 години.

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести