Се појави и првото видео кое сведочи за експлозијата што се случи на железничката станица во Волгоград, во јужниот дел на Русија, во која загинаа најмалку 13 лица, а 50 се ранети. Властите во Русија како главен виновник идентификуваа жена бомбаш – самоубиец. Засега никој не ја презема одговорноста за нападот. Во октомври годинава во Волгоград се случи терористички напад од жена-самоубиец која активираше експлозивна направа во автобус, кога починаа 6 луѓе.
Москва стравува дека нападите можат да се засилат пред почетокот на Олимписките игри што започнуваат за 6 недели, објави Би-би -си.Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков изјави дека Путин добил итни извештаи од безбедносните служби за овој напад кој Националниот истражен комитет го карактеризираше како тероризам. Путин и нареди на Владата, а посебно на Министерството за вонредни ситуации и здравје како и на гувернерот на волгоградската област да преземат се, повредените во нападот да ја добијат сета неопходна помош, јави агенцијата Итар Тас.Портпаролот на федералната полиција Владимир Колесников изјави дека мерките на безбедност ќе бидат зголемени на железничките станици и на аеродромите.
Во продолжение погледнете го видото од експлозијата на железничката станица во Волгоград.


