Папата Франциско во изминататa година привлекол повеќе од 6,6 милиони вeрници на свои миси и други собири, соопшти Ватикан.
Тоа е двојно повеќе од неговиот претходник папата Бенедикт Шеснаесетти во првата година на таа функција.
Статистиките кои денеска се објавени опфаќаат само настани одржани од 13 март лани кога беше избран за папа.
Во податоците не се вклулчени патувањата на папата како што е Светскиот ден на младите во Бразил каде на последниот ден, според проценките на Ватикан, се собраа околу 3,7 милиони луѓе.
]]>


