Сноуден предложен за Нобелова награда за мир

Двајца политичари од норвешката Социјалистичка Лева партија поднесоа предлог на поранешниот американски разузнувач Едвард Сноден да му биде доделена Нобелова награда за мир, јави додписникот на МИА.

Споменатите норвешки политичари во своето образложение сметаат дека јавната дебата и политичките промени кои уследија по обелоденувањето на методите и целите на американските тајни служби од страна на Сноуден, придонеле кон еден постабилен и помирен свет.

Рокот за поднесување на предлози за доделување на годишнашната Нобелова награда за мир истекува на 1 февруари.

Меѓу другите, предлози можат да поднесат поранешните добитници на оваа престижна награда, парламентарни пратеници, претставници на влади и универзитетски професори по одредени предмети, пишува весникот „Гетеборг-постен“.

]]>

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести