Сноуден ја копирал лозинката на свој колега за да добие пристап до доверливи документи

Американската агенција за национална безбедност (НСА) во писмо до Конгресот наведува дека нејзиниот поранешен соработник Едвард Сноуден добил пристап до некои доверливи документи, копирајќи ја лозинката на свој колега, кој веќе не работи во агенцијата.

Според писмото некогашниот колега на Сноуден, ја напуштил работата минатиот месец, откако Владата му го одзела пристапот до доверливи информации.

Во интервјуата Сноуден негираше дека крадел компјутерски лозинки или мамел свои колеги, за да му ги дадат лозинките. Но во писмото на НСА се наведува дека тој излажал најмалку еден од нив и ја копирал лозинката без негово знаење.

Директорот на Националното разузнавање на САД Џејмс Клапер рече пред Сенатот дека случајот со Сноуден ги забрзал плановите за зајакнување на контролата за пристап до тајни информации и работа со владини компјутери

]]>

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести