Во Мјанмар од 30 март до 10 април годинава ќе се организира попис на населението. Тоа ќе биде прв попис по 31 година, од кои цели 28 години Мјанмар беше под воена диктатура во целосна изолација.
Со пописот треба да се утврди дали навистина таа држава сега има 61,5 милиони жители, што е речиси двојно повеќе од бројката утврдена со последниот попис.
Претстојното пребројување најмногу ќе биде фокусирано на религиозната припадност на населението во чија структура има 135 етнички групи.
Припадниците на најбројната Бамар популација, кои се со будистичка вероисповест преку своите претставници во Парламентот пред некоилку дена предложија закон со кој со по 10 години затвор можат да се казнат идните сопружници од „мешани бракови“. Според овој закон, ако идната невеста е припадник на будистичка религија, а се омажи без сопругот да го прифати будизмот, затворската казна ќе се изрекува речиси по автоматизам. Законот нема да важи кога невестата е од друга религија, бидејќи нејзиното прифаќање на будизмот се смета како нормална работа.
Пописот во Бурма го помогнаа ОН чии експерти организираа обука и подготовка на формуларите. Финансиските средства за пописот, што ќе го спроведуваат 120.000 попишувачи, ќе ги обезбедат САД, Велика Британија и Австралија.
]]>


