Главниот уредник на „Гардијан“ ја доби Наградата на европскиот печат поради објавување на откритијата на Сноуден

Главниот уредник на весникот „Гардијан“ Ален Расбриџер ја доби Наградата на европскиот печат поради објавувањето на откритијата на американските програми за шпионажа од страна на поранешниот соработник на разузнавањето на САД Едвард Сноуден.

„Гардијан“ во јуни минатата година прв ги откри сомнителните методи на следење на електронските комуникации од западните специјални служби.

Британскиот весник ја доби специјалната награда на жирито.

Досието „Сноуден“ беше определено за „најважната глобална тема на годината“.

]]>

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести