Многу познати личности имаат еден од родителите кој има темна кожа, а тоа речиси никој не го знае, бидејќи тие имаат многу светол тен. И додека од една страна ги осудуваат дека не ги потенцираат нивните афро-американски корени, други веруваат дека етничката припадност е неважна денес. Во секој случај, овие „фаци“ се всушност црни.
Мараја Кери
Поп кралицата со прекрасни облини има корени во целиот свет. Нејзината мајка е од Ирска, а нејзиниот татко е афро-американец од Куба. Интересно е тоа што нејзиниот дедо, од страната на татко и, по потекло е од Венецуела, но дури и самото семејството не е сигурно дали тој бил бел или црн!
Никол Ричи
Познати ријалити ѕвезда и актерка, исто така, има мешана крв, бидејќи нејзиниот татко бил црн. Многумина ја знаат како ќерка на познатиот Лајонел Ричи, но тој, всушност, неа ја усвоил. Биолошкиот татко е Питер Мајкл Есковедо, музичар кој кратко работел со Лајонел. Согледувајќи дека нема пари да и обезбеди нормални услови за живот, тој одлучи да и дозволи на Нина да се живее со Лајонел Ричи, кој подоцна и законски ја посвои.
Вин Дизел
Познатиот актер има доста светол тен, а со години не знаеше дека татко му бил, всушност, афро-американец. Неговата мајка беше бела жена, па затоа има таков тен. Сепак, интересно е тоа што неговите деца, кои ги има со бела жена, имаат многу потемен тен и афро кадрици.
Адријана Лима
Адријана Лима за себе сака да каже дека е “афро-бразилка”, но таа за својот фантастичен изглед може да и се заблагодари на фантастичната комбинација на гени, од различни делови на светот. Убавицата има јапонски, швајцарски и африкански корени, но сепак задржала многу светол тен.
Џесика Алба
Џесика технички не е мешанка, но, исто така, има многу интересна мешавина на крвта. Нејзината мајка има корени во Данска и Канада, а нејзиниот татко мексикански. Околу нејзиното потекло имаше голема дебата, затоа што многу луѓе ја обвинија за криење на нејзините африкански корени, и затоа актерката се согласи да направи јавна ДНК анализа.







