После две години од раѓањето на Милан, нивниот прв син, Шакира и шпанскиот фудбалер Жерар Пике (27) добија уште еден син
Колумбиската пејачка синоќа се породи со царски рез во болница во Барселона, а среќната вест преку соопштение за медиумите двојката ја објави пред полноќ.
Како и нивото прво дете, и вториот засега неименуван син е прогласен за почесен член на фудбалскиот клуб Барселона, во кој игра Пике.


