Панчо Минов е обична и мрачна политичка фигура во град Кавадарци. Ако тој човек имаше некаква политичка содржина во себе, никогаш немаше да биде на страната на воено-хушкачката хунта на Груевци, луѓе кои се под сериозно правна закана од СЈО заради нивната политичка и криминална работа. Луѓе кои во политичка смисла се „дотако сам дно живота“, што би рекол поетот
Бидејќи директните преноси на седниците во Собранието се веќе одамна видена и изгустирана работа (што ако актерите веќе 10. години се трудат многу повеќе од сите нивни претходници да привлечат внимание на публиката со својата автентична откаченост!), сега на сцена е македонска верзија на „Големиот брат“, митинг на ВМРО-ДПМНЕ насреде плоштадот „Маршал Тито“ во Кавадарци. Митинг кој има содржина на „реалити шоу“, патриотска алатка за нова занимација. Односно спасот од чамотење (на умот и духот!) го најдоа во играчка која по својата содржина ќе го полни воздушниот вакум со предизборните слогани, односно во митингување на сите изборни и предизборни, градски и национални претенденти кои ми се најдоа практично пред носот, во централниот дел на Македонија, во Кавадарци. Што значи, не’ зафаќа бран на ново парламентарно мнозинство &малцинство. Средбата со мене и ВМРО се претвори во некое неформално сослушување пред истражен судија, или дружба со мали драмски медаљони низ кои виреат необични драмски ликови, што низ комичниот жанр се пресликуваат во луѓе кои со самата своја појава еманираат непотврдена трагичност на човечката егзистенција „на овие простори“. А и пошироко.
За да оваа привидно весела распашој–во која над пултовите си разменуваат љубезни кезења а под пултовите се шутираат по цеваници се’ „во шестнајастерец“ – го следев со големо внимание сложеното драмско дејствие во кое неопходно е да се познава историјатот на клучните ликови, нивните меѓусебни глодања, омрази и стари сметки. Да речеме Весна Пемова, жена која по трет пат има можност да стане пратеник од Кавадарци, ги доживува своите sвездени моменти и најсреќните денови од својот живот кога „на нозе“ и’ доаѓа првиот глодач на ДПМНЕ во Кавадарци, претендентот за „национална фрекфенција“ Никола Груевски, па наместо да ја праша Весна П. како здравјето, Никола веднаш како низ пушка: Македонија на Македонците! Од другата меандра се наоѓа Панчо Минов, се’ уште „најмладиот“ и најперспективниот политички кандидат кој, ова му е трета парламентарна кандидатура, неброејќи гинеговите претходни два градоначалнички мандати и два пратенички мандата. Долу под бината стои Амиди Бајрам, Стевчо Јакимовски, кои татковски и горко ги набљудуваат најголемите и најперспективните кавадаречки кандидати, помалку ги укоруваат (со поглед!) заради нивниот недоволно побожен однос (?) кон својот Световен Татко, Никола Груевски.
Се’ ова, така на купче, изгледа како комична шега, шашав детаљ во драгсторот-циркус од блесавата македонска транзиција („од никој во ништо“, што би рекол Виктор Пељевин), „преодна“ занимација за народните маси, во недостаток на нешто подобро. Практично, и од другата страна на бината нема толку многу недолжни, оние, за кои на чесен човек ќе му стане жал да ги гледа и’ слуша како, свесно или несвесно, прават будали од себе, или пак некој друг се труди да го прави во нивно име. Само, реално, ова е сепак сериозна работа, со сериозни извршители: тотален хаос и лудило во воздухот, како уште една неверојатна националистичка епоха која мора да биде заменета со некоја нов, суштински систем, иначе сите ќе полудиме начисто од толкава какофонија и шизофренија, во која, најлошите гласови најдалеку се слушаат за разлика од оние кои можеби, да простите, имаат нешто да кажат. Хм, дали тоа ќе бидат Витезите на Заев, оние кои ќе го распукаат овој сомнителен криминален чопор на чесен и благороден начин, тоа допрва ќе го видиме – за сега, само да стравуваме знаеме…
Вистинскиот мотив на овие редови е, сепак, нешто друго. Меѓу сериозните претенденти за национална фрекфенција – кои се за, како што знаеме, ограничено национално добро – на Груевистичката страна се наоѓаат се’ уште некои од најмрачните ликови на македонската политика, оние кои – кога би имало правда – за своите (пара)политички подвизи и достигнувања би морале да одговараат пред суд, отколу да „аутираат“ пред Груевски и неговиот летечки циркус. Така во Кавадарци, а богами и Скопје и околината, извесниот Панчо Минов, кој беше прво престроен во СДСМ, па кога тамо изигруваше фактор и мејсија низ Кавадарци и Тиквешијата, бараше уште 2011-12. година од СДСМ „дозвола за работа“, па кога од таму беше набркан, требаше својата „политичка кариера“ да ја премости на друг резервен „политички медиум“. Очигледно беше дека неговата граѓанска опција (слушај, граѓанска?) не дофрлаше повеќе од неговиот сопствен папок, па виде-не-виде, заедно со Стевчо Ј. и неговото „јачи смо од судбине“, се префрлија во циркузантскиот бубањ на ДПМНЕ кој собира се’ живо за, како се вели – „политички прагматизам“.
Панчо Минов е обична и мрачна политичка фигура во град Кавадарци. Ако тој човек имаше некаква политичка содржина во себе, никогаш немаше да биде на страната на воено-хушкачката хунта на Груевци, луѓе кои се под сериозно правна закана од СЈО заради нивната политичка и криминална работа. Луѓе кои во политичка смисла се „дотако сам дно живота“, што би рекол поетот.
Ако се’ ова не ви личи на „будење на вампири“, тогаш е многу тешко да се каже што друго би го заслужило таквото име. Еве и пример од груевистичкиот урлање во Кавадарци: „Кукнат сум со крст на чело“; „Многу е погодена работата меѓу ГРОМ и ДМПНЕ“; „Сите што арно виделе од мене, гласајте ме“; „Заев не го бива, ја не му се давам“, така изјавуваше Панчо Минов,што значи само тој и самиот Бог би знаеле што сакаше со тоа да каже; па потоа продолжи да арбитрира – пред жив извесен Аризанов, лидер на кавадаречките лозари – дека тој лично, Панчо, ќе им го реши проблемот на лозарите. Е, сега, ако извесниот Панчо и извесниот Аризанов се тука, под знамето на ДПМНЕ, тоа значи дека двајцата ќе бараат дозвола за арбитрирање, едниот повторно на лозарите а, другиот, во законодавната власт. Ако тие „фрекфенции“ повторно им припаднат, Аризанов да продлжи на криминален начин биде „лидер на лозарите“ и овој другиот, Панчо Минов биде избран за нова свирка во парламентот, ќе биде тоа жалосен доказ дека овде ништо не се учи од претходните свињарии, ма колку тие гигантски биле. То ест, ќе биде тоа знак дека во Македонија и натаму рано, безнадежно рано се стемнува, додека над неа вртоглаво врескаат гласовите на омраза, духовите на беда и простаклук. „До трето колено“, така ли беше, сердаре кавадаречки?
Пишува: Ненад Јовановиќ,
граѓански активист


