Оклахома Сити ноќеска го победи Сан Антонио во вториот натпревар од финалето на Западната конференција на НБА-лигата со 122:113. Натпреварот се одигра во „Паком Центарот“ во Оклахома.
Плејмејкерот на домашниот тим Шеј Гилџус-Александар, постигна 30 поени, двоцифрени беа и Карусо (17), Холмгрен (13), Мекејн (12), Волас (12).
Кај гостите се истакнаа Касл (25 поени) Васел (22), Вембањама (21 + 16 скока) и Харпер (12).
Резултатот во серијата прв до четири е израмнет 1:1.
Третиот натпревар ќе се игра на 23 мај.
МИА


