Ненад Јовановиќ: Славење на светлината, славење на животот

Зошто се чувствувам непријатно сите овие години животарење во груевистичката епоха? Затоа што секогаш се чувствувам непријатно во мрак кој сам не сум го произвел стискајќи гo штекерот. Затоа што сум дете на Градот, Кавадарци е мој град, ако не ги бројам претходните Скопје, Сплит, Нови Сад, Белград, Кавадарци е мојот петти град

Не знам дали знаете, оној мудар Прус Имануел Кант, кој никаде не мрдал од родниот му Кенигсберг на балтичката обала, оној де, знаете, што пишуваше за „звезденото небо над мене и моралниот закон во мене“. Ех, лесно му беше на Кант, тој живеел пред да се појави Едисон и компанија кои ја измислија сијалицата што свети со помош на вжештени влакна напојувајќи се на електрична енергија, то ест, го проживеа Кант својот живот во ноќен полумрак, во најдобар случај, како што пред него живееја неброени илјадници генерации човечки битија. Дури и во оние најпросветени и најеманципаторски варошии земји со првиот вечерен мрак завладеаја игри од нејасни, разиграни сенки, така што ноќната половина од животот била ем несигурна ем некако страшна, проткаена со опасности опипливи во вид на разбојници и полноќни лудаци, кои изфантазирани од разно-разни сомнителни пориви и страсти, вампири и останати историски авети, оти кога не го гледаш светот или не го наsираш своето опкружување, што друго ти преостанува освен да стравуваш од она што во него го има, или можеби го нема, ама како да знаеш дека го нема кога не го гледаш? Не гледаш, додуша, ни дека го има, ама всушност во тоа е цаката: стравот и неизвесноста се најблискиот род.

Некои луѓе, наводно оние најдобрите и најпросветените меѓу нас, пред некое време, односно еве, скоро десет години, што свесно што несвесно го гасеа светлото во цела Македонија. Се обидуваа да не’ убедат дека тоа е за наше добро, дека со гасењето на светлото Македонија ќе заштеди, не’ убедуваат веќе десет години во тоа што сите ние, нарочито во градовите низ Македонија, од нашето осветлување се’ потешко допираме доsвезденото небо во нас. Некако токму во тоа време, сосема случајно ја живеев македонската реалност, па преминував од една улица на друга; одев од еден во друг град. Какви беа градските улици? Беа, некако, мрачни, темни, тажни, пусти, така душмански оставени без она што му служи на човекот за да му го осветлува патот низ градот и животот, ако тоа не се подразбира дека е едно те исто. Оти и’ градската власт во Кавадарци изгаси неколку светла низ град Кавадарци, па така и на мостовите, да не’ биде после дека не е (пост)модерна и во тренд, да не’ биде после дека не е во трендот со најновиот фенси-шменси квазиеколошки ум.

Зошто се чувствувам непријатно сите овие години животарење во груевистичката епоха? Затоа што секогаш се чувствувам непријатно во мрак кој сам не сум го произвел стискајќи го штекерот. Затоа што сум дете на Градот, Кавадарци е мој град, ако не ги бројам претходните, Скопје, Сплит, Нови Сад, Белград, Кавадарци е мојот петти град. Затоа што сум дете на Модерната, затоа што сум дете на XX. Век, и затоа што ништо што сум видел до сега, доживеал, осознал, почувствувал, не ме натерално да сфатам дека тоа што сум има некаков грев.

Човекот со еони живеел во мрак и страв, во студ и незнаење; човекот тежнее да го осветли својот живот, да го освои живот, да ја освои ноќтта, да биде господар на сопственото време. Во таа смисла, електричната сијалица за човекот направи повеќе одошто сите изуми во минатите времиња на купче. Добро, можеби тоа не им е јасно на многу генерации одраснати на европскиот Запад и американскиот Север, меѓу кои има безброј оние кои зачекориле во средовечност, а да никогаш не доживеале исклучување на струја насреде некаков безвезен, локален дефект. Таквиот мрак, таквиот локален дефект е груевизмот лично. Ама ние, овдешните, знаеме се’ за тоа. Не сум толку стар, а добро паметам дека уште во моето детство беше голема работа, достојна за тв-дневник, дека тоа село „добило струја“. А потоа настапија рестрикции; а потоа настапи војна, тоа царство на мракот, буквално и метафорично. Се’ што можеше да правиш и’ да направиш, беше неприфаќање на мракот, повторно зборувам за буквалниот и метафоричен, истргнување од неговите канџишта.

Се сеќавам на една страшна зима, некоја деведесет и трета на четврта, или четврта на петта, кога Македонија беше повеќе во мрак одошто на светло. Беше некој гаден јануар, во Кичево се исклучуваше целиот град на некои шест часа, па потоа доаѓаше, па повторно се исклучуваше после шест часа. Се затемнуваше многу рано, во шест часот ќе светне – според распоредот – светло во една соба на улица 29. Ноември, а пред мене ќе се отворат цели шест часа од бесмислено ништо, тупаво варварско вегетирање. Загаден со тоа, уште пред да пропаднам во ништожноста, емигрирав во чекалната на автобуската станица, па потоа на желизничката, затоа што тамо струјата никогаш не се гаси, поминувам долги часови во читање, „усендвичен“ во страшна промаја и алкохолни испарувања, помеѓу клошарите, друштво ни прави народната милиција која сомнително не’набљудува. А сепак, оддругастрана, добро ми е, се чувствувам жив, не ми проаѓа времетo бесмислено, вака поставен и залулан на некое преостанато островче на позниот дваесетти век. А кога полноќта веќе се приближи во својот сјај, тргнувам према собичката на улица 29. Неомври во град Кичево, нога пред нога, на средба со светлината; полноќтта заминаву, но светлината никако да дојде, дури се гаси и другата страна на булеварот, и на десет минути останува целиот град во потполн мрак, само ладното и рамнодушно sвездено небо се sвери во неговите кровови. Тоа е тоа, помислувам; подолу од ова не може. Потоа светлата пополека се палат, и јас радосно се враќам дома, во својот век. И никогаш нема да поверувам на оној што ќе ми рече дека од него ме истерува за мое добро.

Пишува: Ненад Јовановиќ,
граѓански активист

 

Најнови вести

Најново од Ракурс, Топ Вести

Најчитани вести