Од 18 часот вечерва сирени од бројни полициски возила и возила на првата помош ечат во Турското маало во Струмица, објави Југоинфо.
Според очевидци некаде пред 18 часот во непосредна близина на џамијата дошло до голема тепачка меѓу две семејства, при што според кажувања на тамошните жители биле користени секири и ножеви и има потешко повредени.Бројно е полициското присутво на терен, а според очевидци меѓу седум и осум полициски возила пристигнале на местото на крвавата пресметка. Засега нема подетаљни информаци за овој настан.

Од разговор со жители на Турското маало дознавме дека нетрпеливоста меѓу двете семејства, кои се и во роднинска врска, траела неколку денови, а ескалирала вечерва.


