Политико: Калас на средба со Ердоган пред самитот на Алијансата, теми ќе бидат НАТО и безбедноста

 Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас денеска во Анкара ќе се сретне со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во пресрет на самитот на НАТО, што идната недека ќе се одржи во главниот град на Турција, а разговорите ќе бидат посветени на подготовките за собирот и регионалната безбедност, изјавија за бриселскиот Политико европски претставници запознаени со плановите за посетата.

Калас доаѓа во Турција заедно со европската комесарка за проширување Марта Кос и комесарот за миграција Магнус Брунер, како дел од посетата на високо ниво на делегација на Европската Унија, насочена кон продлабочување на соработката со Анкара во момент кога војните во Украина и Блискиот Исток ги менуваат европските безбедносни приоритети.

Според наводите на европските официјални претставници, главни теми на разговорите ќе бидат подготовките за самитот на НАТО, што ќе се одржи на 7 и 8 јули, како и прашањата за регионалната безбедност.

МИА

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести