Триесетдневен притвор за осомничениот за кражбата во Тутунска банка

Триесет дена притвор и кривична пријава заработи осмничениот Бобан С. за грабежот во НЛБ банка соопшти министертсвото за внатрешни работи. МВР обелоденени дека кражбата била извршена во неколу дена. Но нема одоговор дали парите се лоцирани. Откако е извршен  увид во видео записите од безбедносните камери, претресен неговиот дом и други локации, и по разговорите со вработени и одговорни лица во банката, МВР информира

„Обезбедени се писмени докази кои укажуваат на свесноста и намерата на пријавениот да го изврши кривичното дело.“ – велат од МВР.

Според информациите на министерството, Бобан кој работел како трезорист во НЛБ сукцесивно во рок од пет дена во неколку наврати искористувајќи згодна прилика и познавајки го процесот на работа, во време кога во трезорот имало намалена френквеција на вработени лица, незабележан од никого во периодот 6 април до 10 април 2017 година ги украл парите.

„Првиот износ го затаил така што од пратката од милион швајцарски фрaнци што требал да ја испрати по авион, пред испраќање извадил едно врзопче со 100 банкноти во апоени од 1.000 швајцарски франци и ги присвоил за себе.

– Вториот износ го затаил со присвојување на 375.000 евра од трезорот и со присвојување на 300.000 швајцарски франци кои му биле доверени како работа обврска од банката.

– и третиот пат од девизниот трезор присвоил 2.000.000 швајцарски франци и 270.000 евра, а парите ги ставил во украсна ќеса по што незабележан од никого ја напуштил банката во непознат правец. – објаснуваат од МВР.

Од НЛБ банка, но и од нивната мајка банка словенечката НЛБ Љубљанска со смирувачки тон. Уверува парите на клиентите се безбедни.

Нашите колеги ќе ги пребродат и овие денови и ќе продолжат со успешно работење, како и досега. Секојдневно се осигуруваме и преземаме мерки, но се случуваат и вакви настани. Сепак, можам да повторам дека клиентите не треба да се грижат за нивните средства. Ние продолжуваме со работа и ќе бидеме предвесници на новите технологии во банкарството – рече Аргир.

– Имаме целосна доверба во раководството на НЛБ Банка, која е најдобра банка во регионот. НЛБ останува присутна во Македонија и покрај политичката криза и неизвесност. Остануваме и ќе инвестираме во регионот и во Македонија. Веруваме во потенцијалите на бизнисот и ќе продолжиме да ја имаме системската улога во Македонија – претседателот на НЛБ д.д. Љубљана, Блаж Бродњак.

За случајот се ангажираше и јавното обвинителство кое отвори истражна постапка и издаде наредба за да ги има на увид снимките од видео надзорот како и комплетната документација од банката. Во исто време под луп ќе бидат и листинзите од телефонската комуникација на осомниченото лице.

ТВ 24

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести