Седумнасетгодишно момче попладнево е убиено на влезот во селото Матка, јавува Телевизија 24.
Како што информираат од полицијата, попладнево околу 15 часот се случила меѓусебна тепачка меѓу две момчиња.
Едно од момчињата на возраст од 19 години, од село Шишево со нож прободел седумнаесетгодишно момче од село Сарај во пределот на градниот кош. Момчето починало на лице место, а осомничениот е приведен во полициската станица Ѓорче Петров.
Мотивите за убиството засега не се познати, полицијата работи на случајот.


