Тутунарите со искинати најлони и ќебиња го штитат расадот од мраз

Најавените ниски температури кои се погубни за тутуновиот расад ги исплаши земјоделците. Кој како знае и умее се обидува да го заштити расадот. Се користат ќебиња, стари искинати најлони, бидејќи како што велат без субвенции неможат да инвестираат во подобра заштита.

rasad_tutun

-Сеуште немаме добиено субвенции и без пари влеговме во новата сезона. Лошото време не затекна и сега се снаоѓаме со стари, искинати најлони, ќебиња и други прекривки за  да заштитиме колку можеме – вели Саше Мицкоски од село Стругово.

rasad_tutun3

И тутунопроизводителите во Крушевско со истите проблеми. Тие веќе имаат и оштетувања од вчерашниот ден.

tutun_rasad

За викендов повторно кажаа дека ќе има ниски температури па го дуплиравме најлонот а покривавме и со ќебиња за да го спасиме. Многу тутунари немаат пари за убави подебели најлони и за жал им измрзна расадот – вели Мерфис Јусуфи од село Норово.

За викендот од УХМР најавуваат минусни температури и опасност од мраз.

Промената на времето со  ладниот бран кој не зафати од север со право предизвика вознемиреност кај земјоделските производители, најмногу од опасноста од појава на мразеви особено овој викенд  или ноќта петок кон сабота кога се очекуваат температури  на некои места  да достигнат и -6 оС како во Малешевијата, но и оние во Пелагонија од -3 или во Скопската котлина од -2 оС, се сосема доволни да  уништат голем дел  родот. Ваквите температури се особено критични за виновата лоза, која во овој период започнува со потерување на ластари и почеток на формирање на цветови каде и температури од -0,6 оС можат да причинат штети – изјави Ангелко Ангелески, советник за агрометеорологија при УХМР.

angelko

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести