Официјално полицијата го потврди пукањето во Тодоров, потврди дека станува збор за Љубчо Стојановски од с. Долно Каласлари, Велес. MВР соошти дека повредени лица нема. Љубчо е приведен, а полицијата пронашла една чаура. Увидот се уште трае.
Неофицијално, обидот за убиство на поранешниот министeр за здравство и екс вицепремиер, Никола Тодоров го сторил Љупчо С., 57 годишен граѓанин на Велес кој веднаш е приведен од полицијата. Инцидентот се случи пред околу половина час, пред влезот на Министерството за здравство. МВР работи на расветлување на случајот.
Телевизија Телма, според неофицијални информации пренесува дека напаѓачот е дедото на малата Тамара од Велес, која почина чекајќи Фондот да и одобри средства за операција во странство. Решението за одобрените пари пристигна следниот ден по нејзината смрт.


