Со подобра исхрана на децата во градинките и училиштата, до квалитетен ран детски раст и развој

Министерката Дескоска истакна дека училиштата се оние кои треба да ги научат децата на здрав начин на живот, a дека целта на образованието е да ги подготви учениците за сите аспекти во животот, вклучувајќи ги и здравиот начин на живеење и исхраната. Таа дополни дека единствениот начин на кој може да се осигураме дека учениците ќе јадат квалитетна и здрава храна, е да се предвидат санкции и инспекциски надзори за следење на квалитетот на храната во училиштата. -Македонија како држава е сиромашна и дел од семејствата не можат да понудат избалансирана храна за своите деца. Токму затоа системот и општеството преку градинките и училиштата треба да го задоволи барем минимумот на вредноста на храната што детето треба да ја внесе секој ден- посочи министерката Царовска и додаде дека МТСП прави напори да го зголеми опфатот на деца во градинките, со што ќе се постигне и поголем број деца да имаат соодветен оброк. -Лошата исхрана влијае не само врз физичкиот развој на децата туку го поткопува когнитивниот, емотивниот и социјалниот развој и способноста за учење. Исхраната не е грижа само на поединецот, туку и на целото општество. Промоцијата на добри навики во исхраната во училиштата може да доведе до значителен придонес кон целокупниот развој на детето и да го прекине меѓугенерацискиот циклус на лоши прехрамбени навики, рече Бенцамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ. ]]>

Најчитани вести