Министерот Николовски, во склоп на официјалната посета, се сретна и со египетскиот амбасадор во Лондон, Насер Кемал, кој изрази подготвеност да даде поддршка за подобрување на условите за извоз на македонските земјоделско-прехранбени производи во Египет.На состанокот, амбасадорот Кемал, посочи дека се подготвени да помогнат во реализација на барањето на Република Македонија за намалување на царинските давачки за македонските земјоделски производи. При тоа, договорено е наскоро Македонија да ја посети и бизнис делегација од Египет со цел продлабочување на соработката и привлекување на нови инвестиции во областа на земјоделството. Официјалната работната посета во Лондон, министерот Николовски ја заврши со средба, со извршниот директор на компанијата „Thanet Earth“, која што е најголемиот производител на зеленчук во Обединетото Кралство. Инвестицијата вредна преку 120 милиони фунти, освен импресивниот изглед, нуди и голема ефикасност во земјоделското производство користејќи најнови производствени технологии, а кои што како модел може да се искористат и развиваат во македонското земјоделство. ]]>


