Средба Николовски-Лорензо Сера: Шпанскиот пазар отворен за македонските производи

#МЗШВ, а следен чекор треба да биде направен во насока на промоција на македонските земјоделско-прехранбени производи на шпанскиот пазар, на кој нема сомнеж, ќе бидат одлично прифатени и за нив ќе има голем интерес. Особено виното, за кое и покрај големата конкуренција на вина со потекло од Шпанија, овој пазар ќе биде отворен затоа што македонските вина се карактеризираат со врвен квлитет, потоа, ајварот, лутеницата, останатите преработки од зеленчук и други традиционални производи. На оваа и на други теми, денеска разговараа министерот Љупчо Николовски и Амбасадорот на Шпанија, во Република Македонија, Емилијо Лорензо Сера.

Амбасадорот Лорензо Сера, во име на Владата на Шпанија, уште еднаш побара поддршка од Владата на Република Македонија, за кандидатурата на г-дин Пау Рока, за генерален директор на Меѓународната организација за вино ОИВ на претстојаното повторно гласање на Собранието на оваа меѓународна организација, закажано за 19 ти септември, во Париз, Франција.
]]>

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести