Обвинителот Гаврил Бубевски е позитивен на коронавирус, потврди тој за ТВ24. Бубевски вели дека иако ги почитувал сите заштитни мерки, сепак тестот за Ковид 19 покажал дека е заразен со вирусот.
„Ги почитував сите заштитни мерки, сепак, јас имам многу контакти и во суд и во Обвинителството и со истражители, поради случаите на кои работам, токму затоа се тестирав и тестот излезе позитивен. Не знам каде сум се заразил, засега немам никакви симптоми. Обвинителката Фатиме Фетаи и двајца истражители како лица со кои сум контатирал се во самоизолација“ – изјави за ТВ24, Бубевски.
]]>


