Уривањето на бесправно изградените објекти се одвива согласно Планот за управување со Охридскиот регион кој произлегува од барањата на Реактивната мисија на УНЕСКО за зачувување на универзалните вредности на заштитеното светско природно и културното наследство на Охрид, информира локалната самоуправа.






Претходно од Охридското крајбрежје беа отстранети повеќе објекти, конструкции и платформи на брегот и во вода од повеќе плажи.
Акцијата има за цел зачувување на статусот на Охридскиот регион во УНЕСКО, кој поради негрижата во изминатите децении може да биде ставен на Листата на заштитени подрачја во опасност, што е чекор кон целосно губење на статусот на заштитено светско природно и културно наследство. Општината најави дека акцијата ќе се одвива континуирано и неселективно и дека во иднина повеќе нема да се дозволат било какви градби на крајбрежјето и во градот кои ќе отстапуваат од Планот за управување со Охридскиот регион и актите кои треба да произлезат од него.
Градот Охрид за преземените активности доби отворена поддршка од Европската унија и нејзиниот претставник во земјата, како и од амбасадорите на САД и Република Франција.
Извор: Охрид њуз
]]>




