Зад мене е македонскиот Парламент, домот на граѓаните.
Тука, во април 2017 се случи радикално насилство врз народните претставници, врз демократијата и врз поредокот – падна крв!
А за само три години подоцна, на истото место го кренавме знамето на НАТО и го потврдивме нашето членство во Алијансата.
Ете што значи демократско мнозинство. Со сите премрежја, сите тешки и големи одлуки, мнозинството во ова Собрание ја внесе земјата во НАТО и го донесе најважниот закон за правната држава, Законот за јавното обвинителство.
Ново стабилно демократско мнозинство во парламентот ни треба час поскоро.
Затоа 15 јули е ден за голема граѓанска одлука. Ден за граѓанско учество. Со нашиот глас ги реактивираме институциите. Го враќаме парламентот да носи одлуки и веднаш после тоа бираме Влада, со полн политички капацитети и легитимитет.
На 15 јули секој од нас носи одлука дали ќе имаме силни институции со кои есента ќе ја дочекаме подготвени за сите предизвици кои ги носи вирусот, за новата учебна година и новата грејна сезона.
На 15 јули бираме одговорна власт која решава проблеми.
Излезете на 15 јули, одвојте неколку минути за големата граѓанска одлука за враќање на функционалноста на институциите. Излезете и изберете ја опцијата која знае, умее и може. Изберете одговорна власт водена од СДСМ и коалицијата МОЖЕМЕ.
-Фејсбук статус на претседателот на СДСМ, Зоран Заев
]]>


