Премиерот Спасовски со присутните разговарал за значењето на мавзолејот на кралската ќерка, за кој се претпоставува дека бил изграден кон крајот на 15-от односно почетокот на 16-от век и кој, како што истакна, е од особено значење за бошњачката заедница во нашата држава и како споменик на културата заслужува посебно внимание.

Спасовски нагласи дека секој народ има право на своето минато, национално изјаснување и културна традиција и оти овој споменик го почитуваат не само граѓаните од бошњачката заедница, туку и сите граѓани, бидејќи тој покажува дека на ова поднебје сите заедно живееле со векови.
– Особено беше оценето дека Бошњаците во Република Северна Македонија се еднаков дел од сите прогресивни сили, кои го сочинуваат нашето општество, кое го почитува културниот плурализам и заедно ги унапредува начелата и вредностите за еднаквост на сите граѓани за нивно целосно општествено интегрирање, независно од етничката или верската припадност, стои во соопштението од владината прес-служба.

Владата, како што подвлекол премиерот Спасовски, низ заедничката соработка меѓу централната и локалната власт сериозно е фокусирана на сите прашања што ги засегаат граѓаните и целосно ја поддржа иницијативата на Бошњачката културна заедница и Општината Гази Баба да се продолжи со уредувањето на просторот околу Турбето.
На падините на Гази Баба околу Турбето веќе се поставени клупи, урбана опрема и дополнително осветлување, со што овој културен споменик ќе го добие својот препознатлив облик и со тоа заслужено преку институциите ќе биде вметнат во туристичката мапа на главниот град на нашата држава.
MИА
]]>


