„Ова што ние го постигнавме никој не ни сонуваше дека е можно. Но, го направивме за нас, за нашата иднина. На овие избори се одлучува токму нашата иднина. Не ни треба обнова на режимот, да имаме страв и молк, да се изолираме, зошто? Таква иднина не ни треба, единствено е исправен овој пат по кој тргнавме. Затоа нема избор- изборот е еден на 15 јули. Затоа повикувам дека секој глас е важен, гласањето е многу важно. Тие што ќе останат дома и одмагаат на државата. Гласањето е неколку минути, како што по цел ден одиме натаму – наваму можеме и на избори. Ако некој тврди дека не е безбедно се лаже. Затоа ве молам разговарајте да излезат сите, колку повеќе гласови толку поголема доверба, колку поголема доверба толку посилни институции. Ова е неповторлива шанса што ни се нуди од Европа. Тој што има став, тој што не калкулира, тој што има храбрсот победува. Тие што водат исправна политика не може да бидат поразени.“- изрази уверност во голема изборна победа, лидерот на СДСМ, Зоран Заев од трибината во Гостивар.
Тој уште еднаш посочи дека СДСМ има концепт за иднината, има храброст, одлучност, го има сето она што другите го немаат, а не може ни да го имаат оти ги интересираат пари и гола власт.
]]>


