Поранешниот судија Владимир Панчевски е во Шутка

Денеска напладне поранешниот судија и претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, по кого МВР вчера распиша национална потерница, сам се пријавил во притворското одделение во Затворот Скопје во Шуто Оризари.

Информацијата за Канал 77 ја потврди директорот на затворот, Есад Рахиќ.

По Панчевски беше распишана национална потерница, откако по решение за притвор од велешкиот Основен суд, не беше пронајден од страна на полицијата.

Велешкиот Суд издаде решение за притвор, откако по неколку обиди да одржи рочиште, во кој обвиниет е поранешниот судија, Панчевски не се појави на судењета.

Владимир Панчевски, кој од функцијата судија беше разрешен во декември 2019 година, е обвинет за манипулација со АКМУС системот за судењата на СЈО.

Извор – Канал 77

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести