Агрегаторот „Time.mk“, јуначки го издржа хакерскиот напад на денот на изборите, која е наредна глупост

Додека цела Македонија ги чекаше резултатите од парламентарните избори и резултатот кој ќе ја води политиката во земјата во наредните 4 години, хакери си поиграа со интернет страните на Државната изборна комисја и агрегаторот за вести „Time.mk“.

Страната на ДИК се уште не е активна, но „Time.mk“ цела вечер постојано се враќаше во функција и јуначки го издржа нападот.

Што беше поентата со ваквото поигрување со информациите и која е пораката на овие хакери што се сметаат многу „попаметни“ од народот кој одел на демократски избори. Групата се потпишала со името „Анонопсмкд“, а имаат и мото: „Не простуваме, не забораваме. Очекувајте не“.

– Поминаа уште едни „демократски избори“ и како што може да забележиме истата приказна е секои 3-4 години само што овој пат село гори баба на избори оди. Ама што да правиш кога гласачкото тело е еден огромен паразит што гледа само да цица од државна ци*ка додека е заведено од празните ветувања на сите партии во оваа наша прекрасна држава, пишува во дел од пораката на хакерската група.

Ете тоа сакале да го кажат.

Сопственикот на „Time.mk“, Игор Трајковски, уште синоќа соопшти дека има агресивен хакерски напад и дека 20 милиони IP адреси се вклучени во нападот, а неговиот коментар беше дека некој дал многу пари за тоа.

„Што правеле овие?! Го купиле цел Dark web!?“, коментираше Тракјовски на Твитер.

https://twitter.com/mkrobot/status/1283527631909146627

Па дали се работи за пари или за глупост, би требало да каже МВР, но дали некој воопшто пријавил или не очукаваме одговори, пред се од Државната изборна комисија.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести