МВР ќе истражува што се случи со страната на ДИК

Изорните резултати се уште не се достапни за јавноста, а вчера претседателот на ДИК соопшти дека биле цел на хакерски напад. За хакерски напад информираше и сопственикот на „Time.mk“, Игор Трајковски.

Од МВР за Телма изјавиле дека нападот од страна на ДИК е пријавен и Секторот за компјутерски криминал ќе започне да истражува што се случило со официјалната страница на изборниот ден и дали нападот е реализиран преку компјутерски систем во земјава.

Покрај овие интернет страни на изборниот ден цел на хакерски напад биле и страната на Министерство за внатрешни работи и Телевизија Телма, мрежите на Телеком и на А1 и уште неколку важни веб-сајтови.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести