(ВИДЕО) Aтлетико Мадрид се пофали дека го исчистиле снегот од стадионот

Минатиот викенд Шпанија се соочи со невидени врнежи од снег.

Поради неможноста играчите на „Атлетико Билбао“ да слетаат на аеродромот во Мадрид, натпреварот со „Атлетико Мадрид“ беше откажан.

„Атлетико Мадрид“ сепак се подготви за следниот натпревар со „Севилја“, што треба да се игра денеска од 21:30 часот.

„Атлетико“ објави видео на кое се пофали како го решиле проблемот со снегот на стадионот „Ванда Метрополитано“.

Тие поставиле 11 моќни грејни тела долж целиот стадион, а површината била загреана до температура од 30 степени Целзиусови.

Она што останало го исчистиле волонтери.

https://twitter.com/partidazocope/status/1348629113532272640
]]>

Најнови вести

Најново од Спорт

Најчитани вести