Владата назначи нов директор на Царинската управа

На денешната 38. седница на Владата, променет е директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски.

„Ѓоко Танасоски е разрешен од должноста директор на Царинска управа на Република Северна Македонија“, стои во соопштението на Владата.

На негово место е назначен Горан Сугаревски, кој се именува за вршител на должност директор на Царинска управа на Република Северна Македонија.

На денешната 38-ма седница на Владата донесени се уште неколку кадровски решенија.

Исамедин Азизи, научен соработник – доцент во Институтот за национална историја, е именуван за член на Заедничка мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија. 

За в.д. заменик директор на Дирекцијата за заштита и спасување е именуван Зулфикар Зејнулаи, а за в.д. директор на Државниот управен инспекторат е назначена Кети Василевска.

Владата ја прифати и оставката на досегашниот директор на Националниот парк Галичица, Васко Паскали и на негово место го назначи Александар Миљовски. 

На владината седница е разгледана и оставката на директорот на Агенцијата за енергетика Нехри Емрула со препорака до Управниот одбор на институцијата да го разреши и за вршител на должноста да го назначи Дарио Никловски.

Донесена е и одлука да му се препорача на Управниот одбор на јавното претпријатие Студенчица да го разреши директорот Урим Ахмети и на негово место да ја именува Ардита Дани.

]]>

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести