Македонската асоцијација за еспорт( МЕСА) интензивно работи на афирмација на електронските спортови во Македонија, организација на турнири и годишни лиги, транспарентно и одговорно работење во корист на е-спорт заедницата, како и залагање за поддршка на талентираните сегашни и идни играчи и соединување на е-спорт заедницата во една целина која ќе работи во корист на сите нејзини членови.
За таа цел реализираа емисија која е во насока на поголема популаризација на еспортот во државата.
„Конечно и во Македонија за првпат се поставуваат темелите на електронските спортови!! Нивното разбирање и протолкување во секојдневниот живот како и влијанието врз младите.Со огромно задоволство ви претставуваме една нова, различна емисија која е предводена од стручни и професионални лица на кои пред се’ еспортот им претставува пасија“. Огромна благодарност доDelegation of the European Union, Skopje и Europe House Skopjе.“ Се вели во нивната објава на фејсбук.
Во продолжение погледнете ја емисијата во која водител е Момчило Деловски, а соговорници се Тиана Ивановска и Александар Младеновски


