Пред поразот од Леванте, Реал испадна од Кралскиот куп, и тоа од третолигаш, Лука Јовиќ како позајмен играч отиде кај Ајнтрахт, а Мартин Едегард отиде во Арсенал, со што кризата стана уште поголема. Во првиот месец од годината, се појави информација дека капитенот на тимот Серхио Рамос е подготвен да ги спакува куферите и „спасува глава“, што е само нов доказ дека играчите му вртат грб на Зидан.
Шпанска „Марка“ наведува дека ситуацијата со капитенот е голем проблем за Реал. Преговорите меѓу клубот и легендата запреа и месецов сè се искомплицира. Рамос е во последните шест месеци од договорот и може слободно да преговара со други клубови за можна соработка. Во споменатата објава се наведува и дека Рамос и Реал во моментов се доста далеку еден од друг, а останува да се види дали клубот ќе успее да го задржи својот легендарен дефанзивец барем уште една година.
]]>


