Бизнисменот Ајдован Адемовски во преговори да го купи Рамстор

Претседателот на Македонско-Турска стопанска комора во Македонија (МАТТО),  Ајдован Адемовски планира да купи 100% од акциите на Рамстор Македонија, пренесе Yenibalkan.Договорот е предвиден да се склучи во најбрз можен рок. Адемовски, кој инаку е почесен конзул на Турција, е и сопственик на Трговскиот центар Капитол мол и Хотел Хилтон во Скопје.

Рамстор, во Македонија започна со работа во 2005 година и е дел од Мигрос Тиџарет А.Ш, еден од најголемите ланци на маркети во областа на  малопродажбата во Турција.

Извор: Бизнисинфо.мк

]]>

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести