Претседателот на Организацискиот комитет на Олимписките игри во Токио, Јоширо Мори денеска поднесе оставка поради минатонеделните сексистички изјави, што предизвикаа големи реакции во јавноста и повторно се извини.
-Моите непримерни изјави предизвикаа големо вознемирување.. Жал ми е, изјави Мори (83) на состанокот на организацискиот комитет на Олимписките игри, пренесе Хина.
Тој истакна дека сега најважно е да се осигура дека Олимписките игри во Токио ќе бидат успешни.
Мори, кој е и поранешен јапонски премиер, предизвика реакции низ целиот свет со своите сексистички коментари дека жените зборуваат премногу, што тој ги изговори на состанокот на Олимпискиот комитет.
Тој се извини, но досега одбиваше да си поднесе оставка, и покрај растечките барања за оставка, вклучувајќи ги и барањата од главните спонзори на ОИ, меѓу кои и Тојота.
]]>


