По правната битка што ја водеше шест години, спортистот рече дека оваа победа е потешка и поважна дури и од златниот олимписки медал.
Уште во 2011 година, весникот „Република“, кој водел сопствена истрага за случајот, објави теза дека во случајот на италијанскиот атлетичар, имало голем заговор. Сега судот ја потврди нивната објава дека не станува збор за допинг, туку за заговор против него.
На 87 страници се објаснува дека одлуката за дисквалификација на Шварзер била погрешна и се засновала на лажни, заменети примероци на урина, врз основа на кои е донесена пресудата за дисквалификација на спортистот.
Пресудата покажува прст кон две светски антидопинг организации како виновници, врз основа на чие мислење италијанскиот олимпиец беше дисквалификуван пред шест години.
Сите италијански медиуми пишуваат за случајот. Во меѓувреме, антидопинг агенцијата „Вада“ издаде соопштение во велат дека се „шокирани од одлуката на судот во Болцано и подготвуваат судска постапка поради навредите и обвинувањата“.
Атлетичарот Алекс Швацер најавува и законски мерки, поради претрпена морална штета и поради прекинувањето на неговата спортска кариера откако светските антидопинг организации тврдеа дека користел допинг.
]]>


