Пред почетокот на турнирот Ѓоковиќ се согласил на џентменски договор со организаторите на „Австралија опен“, да му биде исплатена за 1 милион долари помала награда од таа што ќе ја освои.
За победникот на „Австралија опен“ наменета е награда од 3,12 милиони долари, а тенисерот ќе добие 2,13, што не е малку, но е за милин помалку.
Директорот на турнирот во Мелбурн откри дека Ѓоковиќ се согласил победниците да добијат помала награда од вообичаеното со цел младите играчи и оние кои ќе отпаднат во претходните фази од турнирот да добијат повеќе пари.
Сето ова е направено за да се олесни ситуацијата во време на пандемијата на коронавирусот, и да им се помогне на помладите тенисери со големите трошоци за патувањето во Австралија, двонеделниот карантин и многу други работи, што е само уште едно во низата убави потези од најдобриот светски тенисер.
Во меѓувреме, наградниот фонд на „Австралија опен“ не е намален, туку е зголемен за седум милиони долари, а Ѓоковиќ покажал солидарност со пониско рангираните тенисери.
]]>


