Aфера „Баргагејт“: Уапсени Бартомеу и двaјца директори на „Барселона“

Претседателот во заминување на Фудбалскиот клуб Барселона, Хосеп Марија Бартомеу е уапсен денес на стадионот „Камп Ноу“ во истрага поврзана со минатогодишната афера „Барсагејт“. Покрај Бартомеу, со лисици завршиле и извршниот директор Оскар Грау и Роман Гомез Понти, шефот на правниот тим на Барса. Иако сè уште нема официјална потврда, веста веќе ја објавија сите најистакнати локални медиуми.

Бартомеу веќе неколку месеци бил под истрага, а уапсен е баш на датумот кога треба да се бира нов претседател. Тој во изминатиот период беше цел на критки откако главниот играч на Бареселона, Меси, излезе јавно и упати остри критики кон него, а сакаше и да си замине од клубот.

„Барсагејт“ започна откако се откри дека клубот плаќал многу повеќе пари, отколку што навистина треба, на маркетинг агенции кои формирале интернет ботови за да ја бранат управата, дури и по цена на критики кон фудбалерите.

За ова компанијата „I3 Ventures“ заработила еден милион евра, според некои проценки шест пати повеќе од пазарната вредност на ваквите услуги.

Во Барселона признале дека ја ангажирале споменатата компанија, но само за да ги следат коментарите на социјалните мрежи. Наводно, клубот не знаел за „ботањето“.

]]>

Најчитани вести