„Пред два дена, решив да престанам да мијам садови. Ги подготвувам сите вечери и доста ми е од чистење. Оттогаш, се појави овој куп и се ближи моментот кога ќе снема чисти лажици, вилушки и чинии“, напиша таа во својот пост, објавувајќи фотографија од насобраните валкани садови.
За време на третиот ден од штрајкот, таа откри дека семејството ги користело последните чисти чинии и прибор за јадење, но никој не кажал збор и не помислил да ги измие садовите.
Сепак, подоцна во истиот ден ја постигна својата прва победа – некој го исфрлил ѓубрето. За жал, напредокот траел кратко, бидејќи нејзиниот партнер подоцна си направил чај со помош на бебешка лажица.
Таа престанала да ја пере и облекаа, па го покажа и купот валкани алишта.
-Последната ролна тоалетна хартија е искористена синоќа во 19:04 часот. Сè уште не е заменета, напиша таа во друг пост.
Иако ѝ се чинело дека нема надеж и ќе мора да се откаже од штрајкот, се случило чудо. Член на нејзиното семејство по четири дена сфатил дека навистина е тешко да се мијат садовите секој ден и почнал да ги става во машината за перење садови, но и да ја чисти кујната.


