За овој педијатар веројатно не сте слушнале, спасил илјадници деца со неговата „чудесна“ супа

Во училиште не учевме за овој педијатар, но неговото име е многу важно како и тоа што тој го направил за да ги спаси животите на многу деца.

Педијатарот Ернст Моро е роден во 1874 година во Љубљана, тогашна Австро-Унгарија, а починал на 17 април 1951 година во Германија.

Тогаш педијатријата како посебна гранка во медицината само што почнала да се развива, а стапката на смртност на бебињата била многу висока, дури 25%. Една од многуте причини за оваа висока бројка била дијареата.

Доктор Моро успеал да смисли генијална и обична метода за да ги спаси овие кревки животи со негов рецепт за супа од моркови.

„Магијата“ се состои од половина килограм моркови во 1 литар вода и малку сол се вари и им се дава на малите деца да јадат, а со ова обична храна ја намалил стапката на смртност на бебињата на половина.

Дури во 2002 година научно се докажало дека киселинските олигосахариди формирани во оваа супа од морковите ги спречуваат бактериите да се врзат за цревната слузница. Друга студија докажала дека супата лечи и дијареа предизвикана од бактерии отпорни на антибиотици.

Доктор Моро исто така инсистирал и на стерилизирање на шишиња за бебињата, како и за хранење на бебињата со мајчино млеко, што ги прави децата поотпорни на многу болести.

Тој го создал и рецептот за „Моро млеко“, вештачка исхрана на бебиња. Овој значаен човек ги открил лактобацилите содржани во ферментираните млечни производи и ја покажал нивната предност.

Ернст открил и рефлекс кој е присутен кај бебињата во првите месеци од животот: ако се создаде остар звук во близина на главата на бебето, тоа прво ќе ги рашири рацете, ќе ги рашири прстите, а потоа ќе ги спои рацете заедно, стегајќи ги тупаниците.

Ако овој рефлекс не постои, тоа е знак на оштетување или т.н. депресија на централниот нервен систем.

На пример, Моровиот рефлекс или неговото отсуство може да укаже на церебрална парализа. И покрај сите овие откритија, Моро живеел скромно, никогаш не му била дадена заслуга за споменатите откритија.

]]>

Најчитани вести